top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Филмот за Бонд во еден ден заработи 5 милиони фунти во Обединетото Кралство

Updated: Oct 6, 2021

04.10.2021 Oktomvri Ponedelnik

Последниот филм на Даниел Крег како Џејмс Бонд, „Не е време за умирање “, заработи меѓу 4,5 и 5 милиони фунти на првиот ден во кината во Велика Британија и во Ирска, проценија продуцентите. Филмот беше одложен неколку пати поради светската здравствена криза и индустријата внимателно набљудува дали може да ги подигне приходите од киноблагајните на нивоа пред пандемијата. Заработката во првиот ден на прикажување е 13% повисока од Spectre (2015), но 26% пониска од Skyfall (2012), објави „Јуниверзал пикчрс“. „Тоа беше и најобемно киноиздание во Обединетото Кралство на сите времиња“, додаваат тие. „Јуниверзал“ наведува дека No Time To Die се отвори во 772 киносали во Велика Британија и Ирска во четвртокот – 25 повеќе од претходниот рекордер, „Војна на ѕвездите: Подемот на Скајвокер“, во 2019 година. Повеќе од 30.000 луѓе присуствувале на полноќните проекции во Велика Британија и Ирска, каде што беа продадени 1,6 милиони авансни билети за првите четири дена, соопшти студиото. Ова ги надмина вкупните авансни резервации за „Спектре“за повеќе од 12% и е на иста линија со „Скајфол“.



1 view

Comments


bottom of page