top of page

Филмот „Дедо и внук“ на Пиперкоски најдобар на „Independent Film Awards“ во Лондон

Македонскиот филм „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски е прогласен за најдобар странски филм на престижниот филмски фестивал „Independent Film Awards“ во Лондон.

Филмот „Дедо и внук“ веќе освои шест награди на фестивали низ светот, меѓу кои за најдобра режија на „The Buddha International Film Festival“ и за најдобар филм на Интернационалниот филмски фестивал во Париз, а две награди доби и директорот на фотографија, Патру Паунеску. Режисерот Пиперкоски е автор и на сценариото за филмот, кој раскажува за проблемите со здравството, политиката, корупцијата, но и обични човечки приказни и односи момче-девојка, татко-син и дедо-внук.

Во филмот играат: Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов… Продуцент е Огнен Антов од „Дрим фактори“, во соработка со „Пандорас бокс продукција“ и „Елиен филм“ од Романија. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм.

Инаку фестивалот во Лондон се одржува секоја година и има над илјада пријавувања на филмови од повеќе од 50 земји.


 
 
 

Comments


bottom of page