Search
Филмот „1000 години сведок на светлината“ на Илија Ико Каров утре ќе се емитува во Рим
Филмот „1000 години сведок на светлината“, посветен на илјадагодишнината на Бигорскиот манастир, во режија на Илија Ико Каров, утре ќе се емитува во Понтификалниот институт за ориентални студии во Рим.
Филмот ја доживеа својата гала премиера во салата на Македонскиот народен театар во април 2022 година. Утре, пак, на иницијатива на амбасадорката на земјава во Ватикан Марија Ефремова, а под покровителство на директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски, тој ќе биде проектиран во Институтот при Светата Столица.
Comments