Филмови близнаци: Два нови филма „Пинокио“ го одразуваат холивудски тренд
Љубителите на филмот и филмската уметност со нетрпение ја очекуваат претстојната премиера на „Пинокио“. Но, други се многу повозбудени поради уште еден филм „Пинокио“. Во следните четири месеци, и „Дизни“ и „Нетфликс“ ќе објават свои верзии на класичната приказна за момчето на кое му расте носот кога лаже. Верзијата на “Дизни“ е долгометражен филм најавен како „фемили-френдли римејк“ во режија на Роберт Земекис и со Том Хенкс како Џепето. Верзијата на „Нетфликс“ е стоп-моушн анимиран филм во режија на Гилермо дел Торо, режисерот оскаровец зад „Форма на водата“. Во него глуми Јуан Мекгрегор како Џимини Крикет. На филмот на Дел Торо му требаше особено долго време за да се реализира. Тој ја објави својата намера да го направи „Пинокио“ пред 14 години, но се намачи да обезбеди финансии за филмот и на крајот најави негово откажување во 2017 година. Сепак, проектот беше оживеан следната година кога „Нетфликс“ потврди дека го прифаќа. Ова е чиста случајност што сега се најде во судир со „Дизни“, кој во последниве години продуцира римејк на некои од неговите најголеми историски хитови – вклучувајќи ги Аладин, Мулан и Кралот Лав. Но, зошто Холивуд толку често објавува близнаци – два филма кои не само што се однесуваат на иста работа, туку честопати се прикажуваат во исто време? „Овој феномен се враќа со децении наназад“, вели упатениот јутјубер Лук Херфилд. „Постојат бројни причини за тоа, понекогаш навистина е случајност, двајца луѓе имаат иста идеја во исто време.
Comments