Search
Филм: „САД против Били Холидеј“ – за американската џез пејачка
12.04.2021 April Ponedelnik
Американската биографска музичка драма „САД против Били Холидеј“ (The United States vs. Billie Holiday) е остварувањето кое веќе може да се види на големото платно.
Овој филм ја следи американската џез пејачка Били Холидеј за време на нејзината кариера кога е таргетирана од Федералното биро за наркотици. На чело на оваа операција е црниот агент Џими Флечер со кој Били има бурна врска.
Режијата е на Ли Даниелс, а улогите ги толкуваат Андра Деј, Травенте Родс, Наташа Лион, Герет Хедлунд.
Comments