Search
Филм: „Приказната за Витни Хјустон“ – еден од најдобрите аренби вокали
За љубителите на музиката и на филмовите, интересна ќе биде биографската драма „Приказната за Витни Хјустон“ (I Wanna Dance With Somebody), која може да се гледа во градските кина во втората половина на декември.
Ова е емотивна приказна за животот и за музиката на најдобриот женски аренби вокал на сите времиња. Филмот го следи нејзиното патување од она што е непознато за публиката, па сè до светската слава.
Улогите во филмот ги толкуваат: Стенли Тучи, Тамара Туни, Ештон Сандерс, Наоми Аки, Кларк Питерс, а режијата е на Каси Лемонс.
Comments