Search
Филм: „Омажи се за мене“ – романтична комедија
Во пресрет на празникот на вљубените „Св. Валентин“ во градските кина македонската публика ќе може да го погледне филмот „Омажи се за мене“ (Marry Me) во кој латино суперзвездата Џенифер Лопез глуми со Овен Вилсон.
Имено, приказната во филмот ја следи познатата пејачка Кет Валдез (Лопез) која треба пред бројните обожаватели да се омажи за подеднакво познатиот музичар Бастијан (го глуми младиот актер и композитор Малума). Но неколку моменти пред размената на заклетвите таа дознава дека Бастијан ѝ бил неверен и решава да се омажи за еден непознат човек од публиката (Овен Вилсон) кој држи знак „Омажи се за мене“… Оваа романтична комедија е во режија на Кат Коиро.
Comments