top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Филм на македонски продуцент во најголемиот филмски архив во светот

„Среќна пеколна ноќ“ е научно-фантастичен филм на продуцентката Павлина Проевска, која повеќе децении работи на релација САД – бившите југословенски простори, со посебен фокус на филмски проекти во Македонија. Иако овој филм нема македонска приказна, вели Проевска, голем успех е што е избран на трајно чување во Филмскиот Архив на Конгресната Библиотека во САД. Филмот на Проевска, обезбеди свое место во историјата на филмот, со тоа што во архивот ќе биде чуван 1.000 години од денот на снимањето

Во Филмскиот Архив на Конгресната Библиотека во Соединетите Aмерикански Држави, еден од најценетите светски архиви за филмови, примен е на трајно чување филм на филмски продуцент со македонско потекло.

„Среќна пеколна ноќ“ е научно-фантастичен филм на продуцентката Павлина Проевска, која повеќе децении работи на релација САД – бившите југословенски простори, со посебен фокус на филмски проекти во Македонија.

Иако овој филм нема македонска приказна, вели Проевска, голем успех е што е избран на трајно чување во Архивот, како култен филм, но и заради историскиот момент кога е сниман – на почеток на југословенските војни, кога членовите во екипата беа многу повеќе преокупирани со тоа во која армија ќе војуваат, наместо како да направат добар филм… Сепак тој си обезбеди свое место во историјата на филмот, со тоа што во архивот ќе биде чуван 1.000 години од денот на снимањето.

-За мене ова претставува огромна чест, местото во архивот ми значи повеќе отколку да добиев „Оскар“, ако се земе предвид дека ваквото трајно чување на негативот на филмот е вистинска историја, и ќе трае стотици години, вели Проевска за весникот ВЕЧЕР.

Проевска моментално е во работна посета на Македонија, и е фокусирана на постпродукција на документарец со биографска содржина за американски сенатор со македонско потекло, како и на преработка на детски филм во оригинална дистрибуција на светски познатиот „Мирамакс“, кој, како што вели продуцентката, „го облекуваме во ново руво“ за да им биде пристапен на новите генерации деца во светот. Овој филм, е поддржан од УНИЦЕФ, и исто така ќе биде предложен до Архивот, за да и тој, евентуално стане дел од универзалното филмско наследство.



0 views

Comments


bottom of page