Филм: „Куќата Гучи“ – и што значи името Гучи…
- Aleksandar Santovski
 - Dec 27, 2021
 - 1 min read
 
Во градските кина сè уште може да се погледне американската криминалистичка драма-трилер „Куќата Гучи“ (House of Gucci).
Во филмот улогите ги толкуваат Лејди Гага, Адам Драјвер, Џереми Ајронс, Џеред Лето, како и филмската легенда Ал Пачино. Оваа ѕвездена филмска екипа е водена од познатиот и реномоиран режисер Ридли Скот.
Сместен во три декади исполнети со љубов, предавство, отменост, одмазда и конечно убиство, ова е филм во кој публиката може да види што значи името, колку вреди и колку далеку ќе оди едно семејство за да го контролира името Гучи.
Околу остварувањето се дигна прашина бидејќи семејството Гучи не беше задоволно како се прикажани нивните роднини, посочија дека наративот и не е “баш точен“, а и дека филмаџиите воопшто не ги консултирале.






Comments