top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Филм: „Брат ми брка диносауруси“ – семејна драма-комедија

„Брат ми брка диносауруси“ (My brother chases dinosaurs) е семејната драма-комедија од италијанско-шпанска копродукција која публиката ќе може да ја погледне во скопските кина.

Ова остварување ја доби наградата за најдобар филм за млада публика на Европската филмска академија во 2020. Во него, Џек отсекогаш посакувал да има помал брат и кога Џио ќе се роди, неговите родители ќе му кажат дека неговиот брат е „посебно“ дете. Тогаш Џио станува суперхерој со волшебни моќи во имагинацијата на неговиот поголем брат. Со време, Џек ја дознава вистината: неговиот брат има Даунов синдром и одлучува ова да го чува како тајна. Кога ќе тргне во средно училиште, тој го крие постоењето на Џио од своите пријатели. Но набрзо вистината излегува на виделина и Џек сфаќа дека енергијата и виталноста на Џио се заразни.

Режијата е на Стефано Ципани, а улогите се на Алесандро Газман, Изабела Рагонесе, Роси де Палма.


5 views

Comments


bottom of page