Search
Филм: „Бетмен“ – во борба со криминалот
- Aleksandar Santovski
- Mar 14, 2022
- 1 min read
Во градските кина пристигна и долгоочекуваниот „Бетемен“ (The Batman) со Роберт Патисон во главната улога, кој за првпат се појавува како Темниот витез.
Во оваа акција, во режија на Мат Ривс, Бетмен, во својата втора година откако почнал да се бори со криминалот во Готам, открива и корупција која го поврзува неговото семејство. Во исто време, тој се бори и со серискиот убиец познат како Загатнувачот (The Riddler).
Во филмот, кој во првиот викенд од прикажувањето во кината во Северна Америка заработи околу 128,5 милиони долари, покрај Патисон улогите ги толкуваат и Зое Кравиц, Пол Дано, Џефри Рајт, Петер Скарсгард.

Comments