top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Филипс: Никогаш не би потпишал за Јунајтед

21.07.2022 Juli Cetvrtok

Манчестер Сити донесе неколку нови имиња во овој летен преоден рок, а едно од нив е англскиот репрезентативец Калвин Филипс. Филипс имаше одлични настапи во дресот на Лидс Јунајтед и во репрезентацијата, па со тоа го привлече вниманието на поголемите екипи. На крајот Сити излезе како победник за неговиот потпис и сега останува на него да ја оправда довербата и ја пополни празнината која настана со заминувањето на Фернандињо кој се врати во Бразил. Во меѓувреме Калвин имаше една искрена, отворена изјава со која едноставно си го забетонира статусот на легенда во редовите на Лидс, клуб од кој потекнува. Имено пред да слета на „Итихад“ се говореше и за негов потенцијален трансфер во Манчестер Јунајтед, меѓутоа Филипс воопшто не размислувал за таа опција покажувајќи максимална лојалност кон составот од „Иланд Роуд“. -Не, никогаш немаше шанси да заминам во тој клуб. Ја знаете мојата лојалност кон Лидс, моето семејство исто така, тие се фанови на Лидс. Бев почестен што Јунајтед ме сака, толку голем тим – еден од најголемите тимови во светот. Ама морав да му останам верен на Лидс и да одберам да одам на другата страна на Манчестер, -рече Филипс алудирајќи на големото ривалство што Лидс го има со Јунајтед. -Не знам дали е необично за денешниот фудбал, јас сум каков што сум, така размислувам и таков ќе бидам. Сакам да бидам лојален на луѓето кои ми ја дадоа најголемата можност на светот. Лидс беше првиот тим што потпиша договор со мене, се погрижив тоа да биде една од главните работи што ќе ги направам, -дополни играчот за врска.


1 view

Comments


bottom of page