top of page

Филип Лазаров ја заврши приказната со Интерактив

Nov 6
1 min read

06.11.2026 Noemvri Petok

Поранешниот македонски репрезентативец, Филип Лазаров ја заврши приказната со Интерактив Хандбал, клуб од кој беше дел од 2018 година.

Тука прво настапуваше како играч, овде ја заврши и активната играчка кариера и потоа почна да се гради како тренер од 2022 година.

Имаше добри моменти и успеси со Интерактив, го донесе тимот од регионалната до третата лига, го освои аматерскиот германски Куп и се квалификуваше за втората рунда на Купот на Германија.

Лазаров работеше и со младите категории во овој тим и имаше значајна улога за тоа што му се случуваше во изминативе години.

Неговото место ќе го зазема Станко Сабљиќ.


 
 
 

Comments


bottom of page