Филаделфија брилјира од стартот на сезоната, ЛеБрон најде време да се напие и алкохол на теренот! (Видео)
03.11.2026 Noemvri Vtornik
Филаделфија брилјира од стартот на сезоната и покажува дека има потенцијал да се бори за висок дострел во новата НБА кампања, па во моменти кога работите изгледаат навистина добро на теренот, новата голема ѕвезда на тимот го украде шоуто.
ЛеБрон Џејмс е познат како еден од најголемите професионалци воопшто во сферата на спортот, но рано утрово режираше необична сцена за него на средбата против Чикаго.
„Сиксерси“ уживаа на теренот и остварија убедлива победа со резултат 126:107, а во еден момент од средбата, ЛеБрон му ја украде пијачката на еден фан.
Џејмс во даден момент заврши во првиот ред од трибината, па го искористи моментот да се послужи со пијачката на еден фан и да се напие вино.
Сцената која ја режираше „кралот“ брзо стана вирална, а работата стана уште подобра бидејќи пристигна и видео од прв агол.







Comments