top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ФИДЕ ќе додели награди за придонес во светот на шахот во изминатите 100 години

17.07.2024 Juli Sreda

КАКО ДЕЛ ОД ПРОСЛАВАТА ЕДЕН ВЕК ФИДЕ

Целта на наградите е да им се оддаде признание на поединци и организации што значително влијаеле на развојот и промоцијата на шахот на глобално ниво во изминатиот век, пишува ФИДЕ

Светската шаховска федерација (ФИДЕ) објави дека ќе додели низа награди во чест на оние што дале исклучителен придонес во светот на шахот во изминатите 100 години. Целта на наградите е да им се оддаде признание на поединци и организации што значително влијаеле на развојот и на промоцијата на шахот на глобално ниво во изминатиот век, пишува ФИДЕ.

Наградите се наменети за различни членови на шаховската заедница, играчи, судии, организатори, фотографи, новинари, водачи на проекти, автори, едукатори и други. Со признавањето на овие придонеси, ФИДЕ сака да продолжи да ја поддржува извонредноста и да ги промовира културните и интелектуалните вредности на шахот ширум светот.– Додека ја славиме нашата стогодишнина, сакавме да им оддадеме признание на оние што го направија шахот она што е денес и што претставува за иднината. Се надеваме дека овие награди ќе ги инспирираат идните генерации да се занимаваат со шах и да ја однесат играта до нови височини – рече Аркадиј Дворкович, претседателот на ФИДЕ.Наградите се доделуваат во 19 категории. Некои наградени ќе бидат избрани од истакната комисија од шаховски велемајстори, историчари и едукатори, другите ќе бидат одредени преку јавно гласање, а сите добитници на наградите ќе бидат објавени за време на 45-та Шаховска олимпијада во Будимпешта, во септември годинава, пишува ФИДЕ. Н.М.


5 views

Comments


bottom of page