ФИА ја прифати жалбата на Алпин, Гасли обезбеди подиум на трката во Монако
- Aleksandar Santovski
- 3 days ago
- 1 min read
12.06.2026 juni Petok
Пјер Гасли чекаше долго, но на крајот дочека прифаќање на жалбата на неговиот тим Алпин, со што на Французинот му е вратено третото место на Формула 1 трката во Монако.
Гасли ја загуби третата позиција поради заработената казна за пребрзо возење во боксот, одлука за која неговиот тим не се сложуваше, за ФИА денеска да потврди дека пилотот не ја надминал дозволената брзина и му потврди нов подиум во Ф1 кариерата.
Гасли доби две казни од по пет секунди и првично заврши на седмото место, но сега ќе биде запишан како трет, односно зад победникот Кими Антонели и второпласираниот Луис Хамилтон. Во вакво сценарио, без подиум остана Исак Хаџар од редовите на Ред Бул, кој сега е четврти, додека тимовите кои не поднесоа жалба за казните за нивните возачи очигледно пропуштија можност да ги поправат нивните пласмани.
Трката во Монако донесе невообичаено голем број казни за пречекорување на дозволената брзина во боксот, а по ревизијата направена од ФИА, утврдено е дека возачите не направиле грешка, туку податоците не биле најточни поради специфичната конфигурација и должината на боксот, што го искомплицирало мерењето кое и онака не е класично и се реализира преку комуникација на одредени временски точки и болидите.
Оскар Пјастри падна на петтото место во конечниот пласман за ГН на Монако, а токму неговиот Мекларен бил првиот кој најавил жалби по однос на денешната одлука на ФИА.






Comments