ФИА ја одби жалбата на Астон Мартин за одземеното второ место на Фетел
Updated: Aug 11, 2021
10.08.2021 Avgust Vtornik
Астон Мартин се обиде да изнуди ревидирање на одлуката на стјуардите кои му го одземаа второто место на Себастијан Фетел на Формула 1 трката во Унгарија, но ФИА ја одби жалбата на овој тим.
Фетел требаше да освои сериозен број поени за втората позиција, но по трката заработи казна-дисквалификација и тоа поради фактот што во неговиот резервоар останале само 0,3 литри гориво за анализа.
Правилото вели дека во секој болид треба да има останато литар гориво за анализа, а Астон Мартин не успеа да го добие случајот и покрај фактот што тимот посочил дека имало протекување во системот за согорување во моторот.
ФИА го прифатила доказот за да направи ревизија на случајот, но истовремено и ја одбила жалбата заклучувајќи дека не постои можност да се избегне задржување на задолжителни еден литар гориво во резервоарот.
Поените му беа посебно важни на Астон Мартин во битката за што подобра позиција меѓу конструкторите, посебно што наградниот фонд по крајот на сезоната се дели по овој критериум.
Comments