top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ФИА отвори истрага за инцидентот на Грожан во Бахреин

Шокантниот инцидент на Ромен Грожан на Формула 1 трката во Бахреин, ја натера ФИА официјално да отвори истрага за да ги откри сите детали за тоа што се случувало по ударот на Грожан во заштитната ограда. Болидот на возачот на Хас заврши во два дела, а избувна и пожар, но за среќа Французинот помина само со изгореници на рацете и други ситни повреди. ФИА сака да има детален преглед на целата ситуација, за во иднина да се избегнат слични ситуации, но најавите се дека резултатите од истрагата ќе бидат соопштени по два месеца. Одговорните направија повеќе промени на патеката во Бахреин пред втората трка која ќе се одржи претстојниот викенд, а истите се направени за да биде намалена опасноста по учесниците. Пред конкретната бариера во која заврши Грожан се поставени два реда заштитни гуми. – Жил ми го спаси животот. Да не беше неговиот инцидент ќе ја немаше „хало“ заштитата, а без неа денеска ќе го немаше Ромен Грожан, – изјавил Французинот, алудирајќи на трагичната смрт на неговиот сонародник Жил Бјанки.




1 view

コメント


bottom of page