top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Фејсбук“ ги отстранува политичките и верските определби од профилите

Компанијата „Мета“ најави дека во декември ќе направи одредени промени на корисничките профили.

„Мета“ потврди дека адресата, сексуалната ориентација, политичката и верската припадност ќе бидат отстранети од профилот, а тие промени ќе стапат во сила од 1 декември. Причината за овие промени беше наведена како „полесна навигација и користење“ на социјалната мрежа. Оние што пополниле некои од овие полиња ќе добијат известување за промената.

Другите внесени детали, како што се контактите и статусот на врската, ќе бидат задржани. „Фејсбук“ овозможи преземање копија од податоците од профилот пред 1 декември за оние што сакаат да ги зачуваат, а и понатаму ќе може да се контролира што гледаат поединечните корисници на својот профил.

Овој потег на „Мета“ нема да има особено практично влијание врз користењето на Фејсбук, освен што ќе го намали „скролувањето“ во делот „контакти и основни информации“, но може да го промени ставот кон приватноста. „Фејсбук“ ги воведе овие делови во раните денови на социјалната мрежа, кога корисниците беа повеќе подготвени да ги споделат своите почувствителни детали.

Меѓутоа, приватноста денес е голема грижа, а „Мета“ ѝ посвети поголемо внимание во изминатите години и се посвети на приватните разговори и подобрување на безбедноста. Денес, во ера кога онлајн следењето и злоупотребата се премногу чести, луѓето се помалку склони да споделуваат информации на профилите.


0 views

Comments


bottom of page