top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Фестивалот се отвора со „Декамерон“ на Мартин Кочовски

Во пресрет на 48. МОТ

МКЦ го најавува 48-то издание на „Млад отворен театар“ од 8 до 18 ноември, со вкупно 29 театарски настани, претстави, работилници, промоции и мастерклас-предавања. Фестивалот се отвора со домашна продукција – претставата „Декамерон“, во режија на Мартин Кочовски, на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп. Од италијанскиот хуманизам, следниот ден на сцена го гледаме рускиот реализам, „Браќа Карамазови“, претстава со која режисерот Оливер Фрљиќ по девет години се враќа на сцената на „Загрепско казалиште младих“ (ЗКМ). Претставата е работена во два дела, како две посебни претстави, заедно заокружувајќи се во една претстава. Па, така, публиката ќе има можност да одбере дали ќе го гледа првиот, вториот или двата дела. – Достоевски е мотив и за крајот на вечерните театарски продукции, каде што ќе го погледнеме „Евангелие по Ф.М. Достоевски“ во режија на Јернеј Лоренци, а во изведба на Српскиот народен театар од Нови Сад, Србија. МОТ ја продолжува минатогодишната иницијатива за поддршка и промоција на домашната независна сцена. И годинава МОТ ја доделува наградата БИШ, иницијатива што ја започнавме минатата година, како дел од нашите заложби за поддршка и промоција на домашната (пред сè) независна сцена. На отворениот повик се пријавија 25 театарски претстави од домашната независна продукција, а на фестивалот ќе бидат прикажани шест селектирани претстави. Оценувањето на претставите го прави тричлено меѓународно жири – информира Русе Арсов од МКЦ.

Како дел од ова програма, премиерата ќе има и претставата „Поол“ во режија на Шенај Мандек, а во копродукција меѓу минатогодишните добитници на наградата БИШ 2022, Артопиа и Хибрид. Пред скопската публика ќе биде прикажана и претставата „Геа“, во продукција на „Ерос/Антерос“ од Италија, меѓународна копродукција во која учествува и МКЦ/МОТ, а која е реализирана како најдобар проект на програмата ЕФФЕА за 2023 година. Во рамките на официјалната програма се уште и продукции од Естонија, Словенија, Германија, Чешка, Турција и од Македонија. При крајот на фестивалот, како потсетување на сцената во железничката зграда во Скопје, ќе биде претставен перформансот/инсталацијата „Градот како сцена II – приказна за шетачот“, како продолжение на истражувањето претставено во рамките на Националниот павилјон на Македонија на Прашкото квадриенале за перформанс-дизајн и простор во 2023 година. По годинешното претставување, кое партнерски го реализираа ФРУ и фестивалот МОТ, во рамките на оваа тридневна програма гости се и водечките лица на Прашкото квадриенале.

„Скриената улога на продуцентот“ е насловот на мастеркласот што ќе го одржи Душан Пернат, долгогодишен продуцентот и менаџер за турнеи на Словенско младинско гледалишче од Љубљана. Придружната програма е збогатена и со промоција на монографијата за Коле Чашуле на проф. Ана Стојановска, со работилница на режисерот Мираз Метин, а во соработка со Локомотива од Скопје ќе биде реализирана и дискусија кураторски разговори „Институција што недостасува/Дијалог што недостасува“ Дизајнот на постерот на фестивалот е на Бабак Сафари – графички дизајнер од Иран.

В.Д.


1 view

Comments


bottom of page