Фестивалот „Крушево низ корија“ ќе се одржи на 14 и 15 август
На 14 и 15 август во Крушево ќе се одржи фестивалот на отворено „Крушево низ корија“. Како досега, и годинава фестивалот има поддршка од крушевската локална самоуправа, каде што беше претставена програмата.
Фестивалот содржи тури со велосипед и вечерна забава. Привлекува стотици туристи секоја година.
Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, ова лето е отворено за посетители, домашни и странски туристи, со оглед на повеќето содржини што се нудат.
-ЛЕТОТО ПОЛЕКА ЗАПОЧНУВА И НАСТАНИТЕ СЕ РЕСТАРТИРААТ. „КРУШЕВО НИЗ КОРИЈА“ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО АВГУСТ И ДРАГО МИ Е ШТО ПРОДОЛЖУВАМЕ СО АКТИВНОСТИТЕ КОИ НАЈМНОГУ ПРИВЛЕКУВААТ ТУРИСТИ ВО НАШИОТ ГРАД. ОВОЈ ФЕСТИВАЛ НА ОТВОРЕНО Е УШТЕ ЕДЕН НАСТАН КОЈ СО ГОДИНИ СЕ ОДРЖУВА ТУКА И СОДРЖИ АДРЕНАЛИНСКИ АКТИВНОСТИ И ВИСТИНСКО ДОЖИВУВАЊЕ НА ПРИРОДАТА НА КРУШЕВО, РЕЧЕ ХРИСТОСКИ.
Тој ги најави и светското првенство во змејарство во јули и меѓународните параглајдерски првенства во август. Најавени се и странските туристи.
Comments