Фестивалот „Гола месечина“ со пет македонски комедии
15.09.2021 Septemvri Sreda
Традиционалниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ се одржува по осми пат, и годинава под отворено небо во Спортскиот центар „Ново Лисиче“, во организација на Општина Аеродром и НУ „Театар комедија“.
„Гола месечина“ започнува со „Грдиот“ на „Театар Комедија“, утре е „Чудесна терапија“ на „Драмски театар“ – Скопје, в петок – „Што е силеџија“ на „Театар за деца и младинци“ – Скопје, во сабота е „Мој Термин“ на „Македонски народен театар“, а в недела „Вообразен болен“- на ЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово.
Фестивалот, што ќе трае до 19 септември, како што посочуваат од Општина Аеродром, ќе се одржи според сите утврдени протоколи за организирање манифестации од отворен карактер. „Фестивалот на комедијата и годинава ќе биде од ревијален карактер и ќе изостанат претставите од соседството, а целосниот фокус ќе биде ставен врз македонската продукција на комедии. Сите претстави ќе почнуваат во 21 часот“, наведуваат од Општината.
Поради ограничениот број на седишта (200), ќе може да се влегува само со билети (бесплатни) што можат да се подигнат од пријавницата на Општина Аеродром од 9 до 15 часот на денот на секоја претстава. Едно лице може да подигне два билета за една претстава со приложување лична карта, и тоа само доколку поседуваат сертификат за вакцинација.
Opmerkingen