top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Фестивал „Светско, а наше“: Настап на Тони Китановски и Гоце Саф

15.03.2024 Mart Petok

Во рамки на мини фестивалот „Светско, а наше”, кој се одвива во Јавна соба и под мотото World Music Saturday, на 16. март, со почеток од 22 часот, ќе настапат Тони Китановски, на гитара и ДЈ Гоце, на грамофони и електроника.

-Поткровјето во Јавна соба во саботите навечер е резервирано за светска, а наша музика, во една топла и интимна атмосфера каде бендот и публиката  лесно се разбираат. Оваа сабота, нè очекува Афро Гитано, со оригинална музика снимена на три континенти во пет земји (Конго, Канада, Франција, Австрија и Македонија). Проектот е во соработка помеѓу Китановски и Eric Malu Malu од Киншаса, Конго. Афро Гитано на композиторско ниво е симбиоза на македонската ромска музичка традиција и музиката на Африка (Конго и Западна Африка). Отворениот концепт овозможува истражувања со други музички стилови, како во случајот со ДЈ Гоце и хип-хоп жанрот, посочуваат од „Јавна соба“.


2 views

Comments


bottom of page