Search
Фестивал на подводен филм во Струга
Филмот „Океаника“ на Васко Тодоров ќе го отвори првиот „Фестивал на подвоен филм“ што од денеска до 11 септември ќе се одржува во кампот „Скаут“ во Струга.
Пред љубителите на водните спортови ќе бидат прикажани филмови од приватните колекции на реномирани автори на филмови снимени под вода.
Покрај активностите за нуркање, кајак, СУП – даска, присутните ќе имаат можност да уживаат во прекрасните струшки специјалитети, да пробаат македонска ракија и да уживаат во вечерните забави покрај логорскиот оган.
Идејата, според организаторот, произлегла од потребата за еден таков настан на охридско-струшката ривиера, што ќе овозможи и продолжување на туристичката сезона
Comments