top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ферстапен ќе добие казна за трката во Белгија

Актуелниот светски шампион Макс Ферстапен ќе ја започне трката во Белгија пет места поназад од оствареното на патеката, казна која ќе ја добие поради надминувањето на дозволениот број на промена на делови за трансмисијата на болидот.

Холанѓанецот ќе добие казна од пет позиции, кои ќе бидат валидни само за главната трка, а не и за спринт трката, која е закажана за во сабота.

И со ваква казна, Ферстапен ќе биде главен фаворит за победа со оглед на перформансите на болидот на Ред Бул, но на патеката Спа се очекува и дожд, па никој со сигурност не би можел да прогнозира што ќе се случува на трката закажана за претстојниот викенд.

Во прилог на Макс оди фактот што на ланската трка во Белгија стартуваше од 14. позиција и на крајот доминантно стигна до победата.

Без разлика на епилогот, актуелниот Ф1 шампион веќе има предност од 110 поени во однос на второпласираниот во генералниот пласман, а благодарение на девет победи на единаесет одржани трки сезонава.


1 view

Comments


bottom of page