top of page

Ферстапен ја одби титулата „крал на Мексико“, но даде оригинален предлог за прекрстување на гран-прито (Видео) Формума 1

Nov 3
1 min read

03.11.2026 Noemvri Vtornik

Макс Ферстапен ја потврди добрата форма и ја запиша третата победа на последните четири гран-при викенди, а иако Ред Бул доцна се разбуди во сезоната во која доминира Мерцедес, атмосферата во тимот е далеку подобра.

Тоа може да се забележи и од изразот на Макс и самите изјави кои ги дава четиркиратниот шампион, кој откако срдечно му ја честиташе титулата на новиот првак Кими Антонели, се огласи и за  својата доминација во Мексико.

Ферстапен прераснува во возач кој ужива да вози во Мексико, бидејќи ова беше шеста победа за него на гран-прито кое се одржува на автодромот Ерманос Родригес.

Еден од новинарите го запраша Макс дали треба да биде нарекуван за „крал“ на Големата награда во Мексико поради доминацијата која ја прикажува, по што Ферстапен даде оригинален одговор.

– Мислам деак треба да биде прекрстено во МАКСико гран при. Мислам дека би било навистина добро, – изјави Ферстапен.


 
 
 

Comments


bottom of page