top of page

Ферстапен: Формула 1 е порелаксирана без Хорнер

Oct 8
1 min read

08.10.2026 Oktomvri Cetvrtok

Макс Ферстапен бил расположен за разговор со новинарите по триумфот на трката во Малезија, а во пресрет на продолжението од сезоната и возбудувањата во Сингапур.

Поранешниот светски шампон во Формула 1 зборувал на повеќе теми, вклучувајќи го и потенцијалното враќање на Кристијан Хорнер во шампионатот.

Поранешниот тимски шеф на Ред Бул преку медиумите флертува со Ферари, потенцирајќи дека за него би било сон да го води легендарниот тим, но Ферстапен не сакал да зборува за тие шпекулации, сепак потенцирајќи дека Формула 1 е помалку стресна без Хорнер во неа.

– Да бидам искрен, сакам кога луѓето се сложуваат, не е убаво кога постојано има некаква тензија.

– Поинаку кажано, ми се допаѓа однесувањето на сите во моментов, има помалку стрес. Живееме стресни животи и кога одвреме навреме може да се намали стресот, тоа е позитивно.

– Враќањето на Хорнер не е моја работа, ако добие добра можност сигурен сум дека ќе се врати, но не знам дали тоа ќе биде Ферари или некој друг тим, – рекол Ферстапен.


 
 
 

Comments


bottom of page