top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ферстапен: Се надевам дека ќе можеме да го правиме ова уште 10-15 години заедно

ФОРМУЛА 1

Холанѓанецот Макс Ферстапен од тимот на Ред Бул ја освои својата прва титула светски првак во Формула 1, победувајќи го седумкратниот шампион, Британецот Луис Хамилтон, во крајно драматична и неизвесна последна трка од првиот до последниот круг, која се возеше во Абу Даби (ОАЕ). Победата беше остварена буквално во последниот круг, кога Ферстапен, кој возеше со нов комплет гуми, го претрка Хамилтон. По трката, тимот на Мерцедес вложи два протеста, кои беа одбиени. – Неверојатно. Во текот на целата трка продолжив да се борам, а потоа имав шанса во последниот круг. Многу сум среќен. Наша цел беше да освоиме титула кога се собравме и го направивме тоа. Се надевам дека ќе можеме да го правиме ова уште 10-15 години заедно – изјави Ферстапен. Хамилтон по трката му честита на ривалот. – Честитки за Макс и за неговиот тим. Мислам дека направивме неверојатна работа годинава. Многу сум горд на тимот и благодарен што сум дел од нив. Дадовме сѐ до последниот дел од сезоната и никогаш не се откажавме, тоа е најважно – рече Хамилтон. Кога се чинеше дека Хамилтон е старо-новиот шампион и беше недостижен (имаше 12 секунди предност), на пет круга до крајот, дојде до излетување на Николас Латифи, по што безбедносно возило излезе на патеката и така беше до претпоследниот круг, кога беше донесена одлука Ферстапен да биде веднаш зад Хамилтон. Во генералниот пласман трет е Финецот Валтери Ботас од тимот на Мерцедес. Во категоријата конструктори победи Мерцедес. Хамилтон беше мошне близу до осмата титула, со која ќе го надминеше легендарниот Германец Михаел Шумахер.


1 view

Comments


bottom of page