top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ферстапен победи на „домашен терен“ и направи уште еден исчекор кон одбрана на титулата

Актуелниот Ф1 шампион, Макс Ферстапен продолжи да доминира на трките во најпрестижниот шампионат со тоа што најновиот триумф дојде на домашен терен за Големата награда на Холандија.

Ова за Холанѓанецот беше четврти триумф во низа, вкупно десетти на 15. трка во оваа сезона со што направи дополнителен исчекор кон одбрана на тронот во ова натпреварување. Доста интересно беше на патеката Зандворт, а на крајот најдоро се снајде токму Макс кој се најде на највисокото место на пиедесталот пред Џорџ Расел од Мерцедес и асот на Ферари, Шарл Леклер.

Бодови освоија уште Луис Хамилтон, Серхио Перез, Фернандо Алонсо, Ландо Норис, Карлос Саинц, Естебан Окон и Ленс Строл.

Следната недела се вози трката за Големата награда на Италија на легендарната патека Монца.






1 view

Comments


bottom of page