Search
Ферстапен најбрз и на Силверстоун, двајца Британци изборија подиум
- Aleksandar Santovski
- Jul 10, 2023
- 1 min read
Макс Ферстапен стигна до шеста победа по ред во актуелниот Формула 1 шампионат, зголемувајќи ја и онака големата предност во однос на ривалите.
Актуелниот шампион ја потврди доминацијата на Ред Бул, со својот втор триумф на Силверстоун, не дозволувајќи сметките да му бидат расипани од посебно мотивираните британски пилоти.
Ландо Норис имаше одлична трка со Мекларен и заслужено го освои второто место, а на победничкиот пиедестал се најде и неговиот сонародник, Луис Хамилтон.
Добриот ден за Мекларен го потврди Оскар Пјастри со четврто место и најдобар пласман во својата Ф1 кариера, а до десеттото место се најдоа Расел, Перез, Алонсо, Албон, Леклер и Саинц.
По оваа победа, Ферстапен има 99 поени предност и е се поблиску до нова Ф1 титула.

Comments