top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ферстапен и Хамилтон влегуваат во ретко возбудливото финале во Ф1

Најинтензивната трка за шампионската титула во Формула 1 во претходниве неколку години ќе се решава во следните два викенда на Блискиот Исток. Холанѓанецот Макс Ферстапен води пред Британецот Луис Хамилтон со осум поени предност. Трките во Саудиска Арабија (в недела) и во Абу Даби (на 12 декември) ја заокружуваат сезоната.

Ферстапен има предност, според водството во бодови може да стане шампион на новата улична патека во Џеда викендов, ако резултатите одат во негова корист, а Хамилтон, пак, има замав и оди кон кулминацијата на сезоната со две убедливи победи, пишува „Би-би-си“.

Доколку Ферстапен стане првак, тоа ќе означи почеток на нова ера, неговата прва титула во Формула 1, конечна потврда за неговиот статус на водечки човек на новата генерација Ф1-ѕвезди.

Ако, пак, титулата ја освои Хамилтон, тој ќе постави нов рекорд според бројот на шампионски трофеи. Веќе е најуспешен возач во историјата на Формула 1, со повеќе победи и пол-позиции од кој било друг возач, и е израмнет според бројот на титули со Михаел Шумахер, а осмата круна би го издвоила според секоја можна статистичка категорија, пишува „Би-би-си“.


1 view

Kommentare


bottom of page