Фернандеш: Наскоро ќе се бориме за големи работи
Манчестер Јунајтед има специфична прва сезона под водство на Ерик Тен Хаг, сезона во која клубот има подеми, падови, кампања во која е освоен еден трофеј (Лига купот), може да триуфира и во ФА Купот (игра финале со Манчестер Сити), додека во Премиер лигата е на местата кои водат во Лигата на шампионите во натпреварувачката 2023/2024.
Сепак кога е во прашање пласманот во елитното друштво истиот допрва треба да биде потврден затоа што Јунајтед има само еден бод повеќе од петтопласираниот Ливерпул, меѓутоа има се во свои раце со оглед на тоа и дека има еден меч помалку од лутиот ривал.
Бруно Фернандеш како еден од клучните играчи верува дека екипата заслужува да биде во Топ 4, а воедно смета дека наскоро Јунајтед ќе се бори за големи работи, титули.
-Овој клуб мора да биде во таа позиција. И мислам дека овие играчи заслужуваат да бидат таму. Тимот направи одлична работа оваа сезона кога никој не мислеше дека Јунајтед може да се бори за Топ 4. На почетокот на сезоната никој не го ставаше нашиот тим во првите шест. Знаеве дека можеме да бидеме на уште повисока позиција. Наскоро овој клуб ќе се бори за уште поголеми работи, -вели Бруно кој запрашан за тоа дали постои умор кај тимот по последните резултат и порази од Вест Хем и Брајтон тој порача:
-Уморот секогаш е присутен. Играме многу натпревари така што тоа е нормално, но во нашиот клуб сакаме да играме што е можно повеќе натпревари, да бидеме во позиција да освојуваме трофеи и да стигнеме до финалето. Мора да најдете начин да се одморите кога е возможно, -истакна Португалецот за „Скај Спортс“.
Comentarios