top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Фергусон ќе добие медал 40 години по освоениот трофеј во финалето со Реал

Алекс Фергусон освои многу трофеи во својата тренерска кариера, но ќе ја збогати личната колекција со медал за еден од најдрагите успеси.

Фергусон го предводеше Абердин до победа во Купот на победниците на куповите во 1983 година, но тогаш медали за успехот добивале само стартерите во финалето и петте резерви на клупата.

УЕФА ќе го одбележи успехот на шкотскиот клуб кој во финалето го совлада Реал Мадрид, изработувајќи дополнителни шест медали, од кои едниот очекувано е наменет за тогашниот тренер.

Дополнителен медал ќе добијат и еден фудбалер кој не настапил поради повреда во финалето и помошникот на Ферги во тој период.

Фергусон освои 49 медали како тренер, од кои 10 се освоени со Абердин, еден со Ст. Мирен и дури 38 со Манчестер Јунајтед.


1 view

Comments


bottom of page