top of page

Феран-Прево – олимписка првенка во планински велосипедизам и победничка на Тур де Франс

06.08.2025 Avgust Sreda

Полин Феран-Прево е првата француска победничка на престижната велосипедска трка на Тур де Франс, по 36 години. Олимписката шампионка во планински велосипедизам се врати на друмските трки по седум сезони отсуство со цел да ја освои титулата на оваа трка.

Откако се искачи на врвот во генералниот пласман со победата на етапата во саботата, таа во голем стил ги помина последните шест километри за да триумфира. Жани Лонго беше последната победничка на трката во 1989 година, пишува „Би-би-си“.

Деми Волеринг од Холандија го освои второто место (три минути и 42 секунди побавно време). Минатогодишната победничка Катаржина Ниевијадома-Фини од Полска е трета во вкупниот пласман (плус четири минути и девет секунди).

– Се вратив на трки на пат по мојата олимписка титула и реков дека ќе се обидам да го освојам Тур де Франс во следните три години. Моите совозачки работеа супер напорно за мене цела недела. Само сакам да им се заблагодарам и да му честитам на целиот мој тим – рече Феран-Прево. Г.И.

ree

 
 
 

Comentários


bottom of page