top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Феникс повторно како Џокер: Најавено продолжение на психолошкиот трилер

Продолжението на психолошкиот трилер „Џокер“ ќе се појави во кината ширум светот на 4 октомври 2024 година, соопшти портпаролот на филмската компанија Ворнер Брос. Хоакин Феникс повторно ќе ја игра главната улога во продолжението на „Џокер: Лудило за двајца“, пренесува Ројтерс.

Инаку, Феникс доби Оскар за најдобар актер во 2019 година за улогата на Џокер.

Други детали за продолжението на филмот сè уште не се соопштени од Ворнер Брос. Списанието „Variety“ сепак објави дека новиот филм ќе биде мјузикл, а се очекува улогата на соработничката на Џокер, Харли Квин, да ја игра Лејди Гага.

Оригиналниот „Џокер“ на Филипс беше премиерно прикажан во 2019 година и го претстави иконскиот негативец од стриповите и филмовите за Бетмен, од неговите почетоци како комичар и кловн, до насилник подготвен да го уништи цел Готам. Филмот имаше голем успех во кината ширум светот.


0 views

Comments


bottom of page