top of page
Search

Феникс договори уште едно американско засилување за новата сезона

Екипата на Феникс 2010 доведе уште едно засилување за новата сезона и тоа засилување од Соединетите Американски Држави. Се работи за бекот Демонте Бакингхам кој во македонскиот прволигаш доаѓа од НЦАА лигата и Универзитетот Гринсборо во Северна Каролина. Тој е втор странски играч кој Феникс ги ангажираше во овој период, првиот е неговиот сонародник Чарлс Фалден. Инаку Бакингхам имал просек од 12.5 поени и 6.3 скокови во минатата сезона, а одличните настапи му донеле место во третиот тим на Јужната конференција.


2 views
bottom of page