top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Фенербахче на уникатен начин го претстави Алиоски

Она што вчера се начна, денес доби и официјална потврда. Македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски е нов член на турскиот гигант, Фенербахче.

Левиот бек потпиша едногодишен договор на позајмица со тимот на Фенербахче кој потоа ќе има право во целост да го откупи неговиот договор.

Алиоски уште вчера истакна дека на своја адреса добил неколку понуди, но по инсистирање на Елиф Елмас се решил да ја прифати понудата на Фенербахче, тим во кој во минатото настапуваше и самиот Елиф.

Џани останува под договор со саудискиот тим Ал Ахли кој не можеше да ги издржи неговите примања, па се реши да го проследи как

Инаку, Фенер на доста интересен начин го промовираше Алиоски така што играчите кои играат за клубот беа натерани да го изговорат името на Џани, а видеото беше нависитна интересно.

Тренер на Алиоски во Фенербахче ќе му биде познатиот стратег, Жорге Жезус од кого репрезентативецот сигурно многу ќе научи.


1 view

Comments


bottom of page