Фемке Бол донесе историско злато за Холандија во штафетата 4x400
Женската холандска штафета во дисциплината 4х400 метри го освои златниот медал на последниот ден на Светското првенство во атлетика во Унгарија.
Холандската штафетна екипа во состав: Евелин Салберг, Лике Клавер, Кетлијн Петерс и Фемке Бол го освои златото со резултат 3:20.72 минути. Најзаслужна за златото на Холандија беше Фемке Бол, која ја надополни предноста во последната измена и ги престигна Стејси Вилијамс од Јамајка и Никол Јургин од Велика Британија.
Штафетата на Јамајка го освои среброто (3:20.88), додека бронзата му припадна на штафетниот тим на Велика Британија (2:21.04).
Во истата дисциплина во машка конкуренција славеше штафетата на Сoединетите Американски Држави во состав: Квинси Хал, Вернон Норвуд, Џастин Робинсон и Реј Бенџамин. Американците делницата го истрчаа за 2:57.31 минути. Среброто ѝ припадна на штафетата на Франција (2:58.45), додека Велика Британија ја освои бронзата (2:58.71).
Comments