top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Федерер третпат ќе го оперира коленото

17.08.2021 Avgust Vtornik

ТЕНИС

Во видеопораката на Инстаграм, Роже Федерер откри дека на десното колено му е потребна нова операција, што значи дека за него сезоната е завршена. Федерер (40) рече дека операцијата, трета на тоа колено, ќе го оддели од терените „многу месеци“. Тој сѐ уште нема намера да се пензионира, но призна дека на негова возраст, целосното враќање ќе биде тешко. – Сакам да си дадам трошка надеж дека ќе се вратам во некоја форма. Јас сум реален, не сфаќајте ме погрешно, знам колку е тешко на оваа возраст да се направи уште една операција – изјави Федерер, освојувачот на 20 гранслем-турнири. Тој ја имаше првата операција на десното колено во февруари 2020 година, поради што пропушти повеќе турнири, вклучувајќи го и Отвореното првенство на Франција на Ролан Гарос. Тој сакаше да се врати на натпреварите на трева, но во јуни 2020 година објави дека вторпат ќе го оперира коленото и дека ќе го пропушти остатокот од сезоната. Сезоната 2021 требаше да биде негово враќање, но мораше да се повлече од Австралија опен за да продолжи со рехабилитација. Играше на Ролан Гарос, стигна и до осминафиналето, пред новите проблеми со коленото да го натераат да се повлече. На Вимблдон беше елиминиран во четврт-финалето.


3 views

Comments


bottom of page