top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Федерер: Сакам повторно да се вратам и да играм на Вимблдон, но…

Сите тениски експерти и новинари од целиот свет поставуваа само едно прашање по елиминацијата на Рожер Федерер во четвртфиналниот дуел со Хуркач, па истото беше поставено и на прес-конференцијата на која се побара одговор од големиот шампион и осумкратен освојувач на грен слемот во Лондон.

Многумина аналитичари и познати тениски имиња си дадоа за право да претпостават дека ова беше последното издание за Федерер на Вимблдон, сценарио кое ако се суди според изјавата на Швајцарецот не треба да се исклучи и покрај тоа што напомена дека се вратил од тешката повреда со друга главна идеја.

Федерер не можеше да потврди дали ќе игра на Вимблдон и наредната година, бидејќи во овој момент, не е сигурен дали ќе настапи и на Олимписките игри за кои е пријавен од страна на швајцарскиот олимписки комитет.

– Навистина не знам, навистина не знам дали ова беше мојот последен меч на Вимблдон. Мора да се регрупирам, ќе седнам со мојот тим и ќе имаме разговор вечерва, ако не во наредните денови. Мора да видиме и да заклучиме дали има простор за напредок кој ќе направи да бидам поконкурентен на турнирите. Сакам да играм повторно на Вимблдон, но со оглед на моите години, ништо не е сигурно и не знаете што ве чека зад аголот, – изјави Федерер кој наредниот месец ќе наполни 40 години.

– Не знам дали ќе настапам и на Олимписките игри, потребни ми се неколку дена и се уште немам донесено конечна одлука на таа тема. Вимблдон беше првата планина која требаше да ја искачам, сега ќе разговарам со тимот и нема да носам избрзани одлуки. Целта е да играм, поради тоа се вратив по операциите, се надевам дека нема брзо да видиме пензионирање. Задоволен сум што стигнав и до оваа фаза на турнирот. Сега сум разочаран, но брзо ќе ми помине и ќе заборавам на поразот, – изјави Федерер кој денеска за првпат во кариерата не освои гејм во еден сет во 22 учества на Вимблдон (6:4, 7:6, 6:0).


2 views

Comments


bottom of page