Федерер во „тесна“ трка за настап на Австралија опен
16.12.2020 Декември Среда
ТЕНИС
Роже Федерер (39) вели дека му претстои „тесна“ трка за да биде подготвен да игра на тенискиот гранслем-турнир Австралија опен, пишува „Би-би-си“. Дваесеткратниот шампион на гранслем-турнирите не играше од јануари, откако направи две операции поради повредата на коленото. – Се надевав дека ќе бидам сто отсто подготвен во октомври. Но уште не сум денес. Да видиме како ќе се одвиваат следните два месеца – рече Швајцарецот, пренесе „Би-би-си“. Последниот меч на Федерер беше на Австралија опен годинава, каде што во полуфиналето во Мелбурн загуби од подоцнежниот шампион Новак Ѓоковиќ. Австралија опен е првиот гранслем-турнир во тениската сезона и турнирот во 2021 година требаше да почне на 18 јануари, но поради пандемијата на коронавирусот се најавува одложување на почетокот за 8 февруари.
Comments