top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Федерациите подготвуваат „одмазда“ за клубовите кои не ги ослободија нивните репрезентативци

Updated: Sep 3, 2021

02.09.2021 Septemvri Cetvrtok

Дел англиски клубови решија да не им дозволат на јужноамериканските интернационалци да настапуваат за своите репрезентации, поради фактот што по враќањето ќе им следува задолжителен карантин и ќе пропуштат натпревари, а таквата одлука оди и против правилата на ФИФА.

И додека Светската фудбалска федерација не се огласила за конкретни санкции, федерациите планираат да активираат суспензија како еден вид „одмазда“ кон клубовите.

Фудбалските федерации на Чиле, Мексико и Парагвај побарале од ФИФА да ја активира забраната за користење на конкретните фудбалери од нивните клубови во текот на пет дена.

Играчи кои можат да бидат засегнати се Раул Хименез од Вулверхемптон и Серхио Алмирон од Њукасл, а тука е и Чилеанецот Бен Бренетон кој настапува за Блекбурн и може да пропушти два натпревара на својата екипа.

Извори од КОНМЕБОЛ конфедерацијата велат дека и други федерации размислуваат дали ја искористат оваа опција.


1 view

Comments


bottom of page