Фати се отвори и испрати порака за неговата иднина во Барселона: Се надевам…
Ансу Фати не е во прв план во Барселона во оваа сезона, па веќе почнаа да се појавуваат информации дека може да го напушти клубот во летниот преоден рок.
Напаѓачот наводно не е задоволен од минутажата која ја има, но и кога добива вистинска шанса тој не ја користи како на вчерашниот меч против Кадиз каде беше стартер и имаше можност да се наметне, меѓутоа тоа не го направи за разлика од колегата Феран Торес кој е во слична ситуација со тоа што тој „гризеше“ и на крајот го доби признанието за играч на натпреварот.
Наредниве месеци до крајот на кампањата дефинитивно ќе дадат појасна слика околу иднината на Фати кој пак денеска испрати порака во однос на тоа каков му е планот, замислата во неговата глава.
-Имам договор до 2027 година и се надевам дека ќе можам да минам овде уште повеќе години. Сакам да бидам уште многу години во Барса. Вчера бев лут затоа што понекогаш не го возвраќам тоа што луѓето ми го дадоа на „Камп Ноу“, оние што ми дадоа поддршка. Јас сум многу благодарен и среќен што сум во клубот што го сакам и во кој пораснав, -порача Ансу кој сезонава има учинок од 6 гола и 3 асистенции на 33 натпревари.
Comentarios