„Фантастични ѕверки 3“: Геј дијалогот отстранет од филмот за кинеската публика
„Ворнер Брос“ ги отстрани референците за геј врска во новиот дел на серијалот Fantastic Beasts за кинеската публика. Отсечени се шест секунди од третиот дел, „Тајните на Дамблдор“, кои алудираат на романтично минато меѓу Дамблдор и Гринделвалд. Авторката на „Хари Потер“, Џ.К. Роулинг, претходни изјави дека Дамблдор бил геј, но филмовите досега никогаш експлицитно не ја спомнувале неговата сексуалност. Продуцентите, „Ворнер Брос“, тврдат дека духот на филмот останува. Сега во кинеската верзија на новиот филм, едитиран е дијалогот помеѓу насловниот лик на Џуд Ло и Гринделвалд, кој го игра Мадс Микелсен. „Затоа што бев вљубен во тебе“ и „Гелерт и јас се заљубивме тоа лето“. Остатокот од филмот остана ист, вклучително и разбирањето дека ликовите споделуваат интимна врска.
Comments