Фановите разочарани бидејќи Килијан Марфи би можел да биде новиот Џејмс Бонд
11.03.2024 Mart Ponedelnik
Покрај тоа што е фаворит за освојување на Оскар за најдобар актер, Килијан Марфи би можел да стане и следниот Џејмс Бонд. Според „Сан“, 47-годишната ѕвезда на Опенхајмер го привлече вниманието на продуцентите на Џејмс Бонд кои се уште бараат замена за Даниел Крег.
Но, обожавателите на тајниот агент 007 не беа баш воодушевени од оваа вест. „Тој не е мачомен“, „Тој е добар актер, но не е за улогата“, „О не“, „Колку и да го сакам Килијан Марфи, тоа не е улогата за него“, „Зошто следниот Џејмс Бонд да не биде жена?” пишуваат на социјалните мрежи.
Џејмс Бонд, познатиот британски шпион со дозвола за убивање, со децении е призната личност во филмскиот свет. Уште од неговото прво појавување во филмот во 1962 година, Џејмс Бонд стана синоним за шпионски филмови, британски шарм и акциони спектакли.
Во создавањето на овој уникатен лик придонесоа голем број исклучителни актери, од Шон Конери до Даниел Крег. Секој од нив го толкуваше Џејмс Бонд на свој начин, создавајќи низа незаборавни филмски моменти.
Но, со текот на времето доаѓаат промени, а откако Крег ги остави пиштолот и оделото во 2021 година, сите се прашуваат кој треба да биде следниот Бонд.
댓글