Фановите на Тејлор Свифт во текот на концерт предизвикаа потрес со јачина од 2,3 степени по Рихтер
Концертите на Тејлор Свифт предизвикаа сеизмичка активност еднаква на земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала, според сеизмолог од Универзитетот во Вашингтон.
Податоците за сеизмолошката активност биле регистрирани на настапите во „Лумен филд“ во Сиетл на 22 и 23 јули, како дел од нејзината распродадена турнеја „Ерас“.
Сеизмологот Џеки Кеплан Аурбах соопшти дека дека сеизмичката активност била предизвикана од фановите или од звучните системи
Со ова е срушен претходниот рекорд од 2011 година, односно слична сеизмичка активност предизвикана од посетителите на спортски натпревар. Тогашниот потрес, познат како Beast Quake, го предизвикаа навивачите на „Сиетл сихокси“ кои еруптираа кога Маршон Линд постигна тачдаун против „Њу Орлеанс сејнтс“.
Концертите предизвикуваат сеизмичка активност, познат пример е концертот на „Фу фајтерс“ во Нов Зеланд во 2011 година.
Comentários