Факу Кампацо повторно ќе го носи дресот на Реал: Ова е мојот дом, ќе го нападнеме секој трофеј
Аргентинскиот репрезентативец, Факундо Кампацо официјално е старо-нов член на европскиот шампион Реал Мадрид.
Популарниот Факу ја заврши соработката со Црвена Звезда и сите информации беа дека тој ќе направи камбек во Реал, информации кои се покажаа како точни со оглед на тоа што играчот потпиша договор до 30 јуни 2027 година.
-Враќањето во она што чувствувам дека е мојот дом значи многу за мене и за моето семејство. Отсекогаш сум имал добри времиња овде. Ми беше дадена можност да му покажам каков сум играч и секогаш ќе бидам благодарен. Моето семејство го сака Мадрид, тимот, мојата ќерка е родена овде и беше благосостојбата на семејството беше многу важна, тие се среќни, -порача Факу кој говореше и за амбициите.
-Секогаш кога луѓето зборуваат за Мадрид, зборуваат за титули и секој трофеј што ни е на располагање, ние мора да се обидеме да го освоиме. Ќе работиме напорно во текот на целата сезона за да го освоиме секој трофеј, ќе се обидеме да дадеме сè на секој натпревар за да можеме повторно да се бориме за големите моменти и ќе дадеме се за таа цел, -заклучи плејмејкерот кој во првиот мандат во Реал освои 11 трофеи.
Comments