top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Фаворитите славеа, пораз на Георгиев

17.08.2021 Avgust Vtornik

ШАХ – ЗАПОЧНА ЕКИПНОТО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА

Победа на фаворитите, со неколку изненадувачки поединечни резултати го обележаа 1. коло на 29. Екипно првенство на Македонија во шах, кое во конкуренција на осум клуба се одржува во хотелот „Дрим“ во Струга.. Актуелниот шампион Алкалоид, кој е рангиран прв (2.576 рејтинг-поени), минимално, со 3,5-2,5, го победи Ампасан, додека најубедлив беше Прилеп, кој со 5,5-0,5 славеше над Карпош. На првенството, покрај домашните, играат и 17 странски шахисти (8 ВМ и 7 ИМ), и тоа од Србија (5), Хрватска (2), Русија (1), Украина (1), Црна Гора (1), Бугарија (3), Албанија (2) и Косово (2). Прворангиран е ВМ од Русија, Дмитри Андрејкин (2.724), кој настапува за Алкалоид, а Македонката Ивана Манова (1.721) е единствената шахистка што игра на првенството и ги брани боите на Центар. Освен Центар и Карпош, сите други клубови имаат странски шахисти во своите редови. Поединечно, најголемото изненадување го приреди Андреј Велјаноски (2.116), кој со црни фигури го совлада македонскиот репрезентативец со највисок рејтинг, член на Гамбит Асеко СЕ, ВМ Кирил Георгиев (2.599). Изненадувачки е и поразот на ВМ Роландо Кутиров (2.296) од нерангираниот Земри Каремани, како и поделбата на поенот меѓу ВМ Звонко Станојоски (2.420) и Ратко Трајановски (2.164), меѓу ИМ Тони Кироски (2.219) и Стојанчо Димковски (1956), односно меѓу ФМ Душко Стефаноски (2.264) и Агим Шемшиу (2.002). Шампионатот се игра на шест табли, а победникот ќе биде познат по завршувањето на 7. коло. Главен судија е интернационалецот Иван Кочовски.

Резултати 1. коло

Карпош (2.060) – Прилеп (2.334) 0,5-5,5 Гостивар (2.433) – Куманово (2.272) 5-1 Алкалоид (2.576) – Ампасан (2.062) 3,5-2,5 Гамбит Асеко СЕ (2.417) – Центар (2.040) 5-1


2 views

Comments


bottom of page