Фабрегас пред дебито како тренер се потсети на зборовите на Мурињо: И мене ќе ми се случи еден ден…
Сеск Фабрегас ја доби шансата да биде тренер на италијанскиот второлигаш Комо, а своето деби на новата функција ќе го има утре против Фералписало. Ова за легендарниот Шпанец е нова улога, предизвик и се надева дека ќе ја оправда улогата и ќе биде достојна замена за Морено Лонго. -Пред се, сакам да му се заблагодарам на Лонго за она што го направи овде, особено минатата сезона кога се мачевме. Еден ден ќе ми се случи и мене, тоа е нормално во оваа работа. Така ми рече Мурињо: „Ти не си вистински тренер додека не добиеш отказ“, -истакна Фабре кој има свои идеи. -Најдов група на достапни играчи кои добро работат. Тимот е силен и способен да се соочи со оваа промена. Многу играчи се исто така мои пријатели бидејќи играв со нив. Навистина сум позитивен. Јас и Лонго имаме различни идеи и нешто ќе се промени, но ако Комо е силен тим, тоа е негова заслуга. Навивачите сакаат тим кој напаѓа и победува, затоа мора да станеме протагонисти со топката, -порача Сеск кој призна дека не очекувал да ја добие задачата да го води овој тим.
Comments