Фабрегас направи паралела меѓу Жозе, Пеп и Арсен: Мурињо си погруваше со мојата глава како никој пре
Фабрегас направи паралела меѓу Жозе, Пеп и Арсен: Мурињо си погруваше со мојата глава како никој претходноСеск Фабрегас ова лето стави крај на својата играчка кариера и реши да се повлече после сите убави нешта кои ги доживеа во фудбалот, со јасна намера да се фокусира на новата етапа во професионалниот живот.
Фабре експресно се префрли во тренерскти води и веќе го предводи Б тимот на Комо, а како човек кој можеше да учи од најдобрите тренери во светот, сега направи една интересна паралела за времето кое го мина со Арсен Венгер, Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо.
Во обраќањето за „The Coaches Voice“, легендарниот шпански играч за врска говори како новопечен стручњак кој допрва треба да го калеми занаетот, но со оглед на искуството кое го имаше, сигурно има добра подготовка за она што следи.
– Моите почетоци во професионалниот фудбал беа со Венгер и со него знаевте дека секогаш има план за вас. Му верував за секоја работа, секогаш се однесуваше кон мене како да сум негов син. Сите играчи имавме такво чувство со него, беше многу близок со нас и слепо му верувавме во се што ќе каже. Тоа беше двосмерна љубов.
– Потоа работев со Пеп во Барселона. Пред да пристигнам таму, Гвардиола веќе ми објасни што ќе бара од мене. Веруваше во врската која ја имавме јас и Лео од младинските денови во Барселона, а тука беа и Чави и Иниеста. Кога е во прашање карактерот, Пеп е многу поразличен од Арсен. Венгер е љубезен и многу близок со играчите, додека Пеп држи дистанца. Гвардиола е некој што може поагресивно да ви ги каже работите, но тоа му носи резултат и функционира на најдобар начин, – додава Фабре, кој има посебни зборови и за Жозе Мурињо.
– Мурињо беше тој кој постојано ми праќаше пораки, секој ден зборуваше со мене и после тренинзите. Неговото однесување јасно ми стави до знаење дека сум клучен играч во тимот. Имаше неверојатна доверба во мене и тоа беше навистина шокантно. Си поигруваше со мојата глава како никој претходно и затоа го извади најдоброто од мене. Играв многу добро под негово водство, – завршува Сеск.
Comments